Септемвриската инфлација 3,4 проценти

Bez autora
Oct 04 2011

Инфлацијата во септември годинава во споредба со септември лани, бележат пораст од 3,4 проценти, а цените на мало од 3,8 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот бележат намалување од 0,1 отсто во септемвриво однос на август годинава, а цените на мало се непроменети. Пораст на инфлацијата во септември, во споредба со август, има кај кондиторските производи за два процента, другите прехранбени производи за 1,3 процент, преработениот зеленчук за еден процент, млечните производи за 0,4 проценти и преработеното овошје за 0,2 проценти. Исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 1,9 процент, средствата за образование за 0,4 проценти и деловите за сообраќајни средства за 0,2 проценти. Додека намалување на трошоците на животот е евидентирано кај мебелот и услугите за образование за 0,5 проценти, садовите и приборот за домаќинствата за 0,3 проценти, облеката, обувките и козметичките производи за 0,2 проценти.

Септемвриската инфлација 3,4 процентиИнфлацијата во септември годинава во споредба со септември лани, бележат пораст од 3,4 проценти, а цените на мало од 3,8 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на живот бележат намалување од 0,1 отсто во септемвриво однос на август годинава, а цените на мало се непроменети. Пораст на инфлацијата во септември, во споредба со август, има кај кондиторските производи за два процента, другите прехранбени производи за 1,3 процент, преработениот зеленчук за еден процент, млечните производи за 0,4 проценти и преработеното овошје за 0,2 проценти.

Исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај нафтените деривати за 1,9 процент, средствата за образование за 0,4 проценти и деловите за сообраќајни средства за 0,2 проценти. Додека намалување на трошоците на животот е евидентирано кај мебелот и услугите за образование за 0,5 проценти, садовите и приборот за домаќинствата за 0,3 проценти, облеката, обувките и козметичките производи за 0,2 проценти.

Кај цените на мало намалувањето е резултат на пониските индекси на мастите за 4,6 проценти, на овошјето за 4,4 проценти, на зеленчукот за 3,1 проценти, на јајцата за 1,1 отсто, на рибата за 0,9 и на преработките од месо и од риба за 0,2 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik